Пожари близу Лисабон, ангажирани 700 пожарникари и шест канадери


Повеќе од 700 пожарникари гаснат шумски пожари што избија  на околу 40 км западно од Лисабон, соопшти португалската Агенција за цивилна заштита.

Пожар избил во Националниот парк во ноќта меѓу саботата и неделата и најмалку 50 луѓе се евакуирани.

Во интервенцијата повредени се двајца пожарникари. Во гаснењето ангажирани се и шест канадери.

Во пожар што изби лани во Португалија загинаа 106 луѓе.