Повредени 11 лица во сообраќајка во Прилеп


Синоќа во Прилеп се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило и минибус со прилепски регистарски таблички. Во незгодата, со повреди се здобиле 11 лица.
„На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Д, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител“, велат од МВР.
фото: Маркукуле