Повредена жена во пожар во Тетово


Во пожар од експлозија на грејно тело на плин во куќа во Тетово денеска е повредена 79-годишна жена.

Како што информира СВР Тетово, денеска во 12:30 часот е пријавен пожар во куќа на улица „29 Ноември“ во Тетово, во поткровниот дел од куќата во која што живеела А.И. (79).

Експлозијата настанала кога жената се обидела да користи грејно тело на плин, при што дошло до експлозија на плинската боца, а А.И. се здобила со повреди и изгореници. Од експлозијата настанал пожар во собата каде што било грејното тело.

Од страна на Територијалната противпожарна единица огинот е изгаснат, а повредената А.И. со возило на итна медицинска помош е пренесена во Клиничката болница Тетово каде што и е укажана лекарска помош. Во тек е увид.