Повеќе од една петина навивачи во Примера се жени
На денот на жената 8 Март, шпанскиот весник „АС“ излезе со статистика дека околу 22 отсто од навивачите во Ла Лига се од понежниот пол.
Најмногу навивачки на трибините оваа сезона изразени процентуално има Хетафе – 33,8 отсто, односно 4.150 од вкупно 12.300 фанови.
По женско присуство на натпреварите на второто место е Валенсија со 29 проценти, а трета е Барселона со 26 отсто.
Актуелниот шпански и европскиот шампион Реал Мадрид може да се пофали со 20,2 % дами на „Сантијаго Бернабеу“ или 18.528 од 91.671 навивачи.
На дното по присуство на жени на своите натпревари е Малага со само 10 отсто од вкупниот број поддржувачи.