Повеќе автобуси кон Света Петка и Свети Пантелејмон


ЈСП Скопје во пресрет на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, утре и во среда ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28.

Утре, на линијата 69, која сообраќа од Транспортен центар до селото Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот, а во среда ќе сообраќаат три автобуса од Дивле кон Транспортен центар и тоа во 5.45, 15.30 и во 19.30 часот. Посочените поаѓања се вонреден превоз имајќи во предвид дека автобуската линија 69 сообраќа само за време на викенди.

На линијата 28 дополнителен број автобуси ќе има во среда и во четврток. Во среда, освен редовните поаѓања утврдени со летниот возен ред, автобус на линијата 28 од Транспортен центар кон Нерези, Македонско село ќе има и во 17.20 часот, како и во 19.50 часот во обратен правец, додека во четврток, вонреден автобус ќе има во 7.10 часот од Транспортен центар кон Нерези, односно во 11.20 часот во обратен правец.