Победа повторно со нов тренер


Тони Мегленски е четвртиот тренер кој оваа сезона ќе ја предводи Победа од Прилеп, откако денеска од клубот си замина Слободан Крчмаревиќ.

Мегленски ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига, бидејќи позицијата на Победа на табелата е незавидна.

Прилепчани се на осмо место со само еден бод повеќе од Пелистер и Скопје кои се на местата што значат испаѓање во Втората лига.

Пред Крчмаревиќ кој остана најкусо во Победа, клубот го водеа Зоран Штерјовски и Славољуб Бубања.