Пловдив стана европска престолнина на културата за 2019


Претставата под наслов “Ние сме сите светови” беше поставена на 30-метарска кула. Обезбеди видливост од 360 степени. На структурата беа монтирани над 350 проектори и 10 огромни екрани.

На сцената настапија повеќе од 1500 уметници, меѓу кои и големите бугарски музичари Ваља Балканка и Теодосиј Спасов.

Гпдонава, и Матера во Италија е европска престолнина на културата. Тоа е град од 60.000 жители на југот на Италија, кој е познат по древните пештерски населби на Саси ди Матера, кои се дел од списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на проектот „Европска престолнина на културата“. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година.

За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на Европската Унија.

Во 2020 година престолнини на европската култура ќе бидат Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска, во 2021 титулата треба да ја делат три града – романскиот Темишвар, грчкиот Елефсина и српскиот Нови Сад, а во 2022 – литванскиот Каунас и Еш во Луксембург.