Пике неизвесен за мечот против Русија


Одбранбениот фудбалер на шпанскиот национален тим, Жерар Пике, има повреда на левиот скочен зглоб здобиена на тренингот пред натпреварот со Русија закажан за попладне од 16 часот на стадионот „Лужники“ во Москва.

Пике го прекина вчерашниот тренинг поради болка, по што докторот на репрезентацијата почна со интервенција.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, постои веројатност Пике да ја ропушти средбата против Русија.

31-годишниот дефанзивец играше на сите три натпревари во групната фаза на Светското првенство.