Пејачката Аделина Тахири роди син


Македонската пејачка Аделина Тахири вчера на свет го донесе своето прво дете, синчето Јон. Радосната вест таа ја сподели на социјалните мрежи, каде нејзините пријатели и честитаа за приновата.

Неодамна Аделина и Серјожа приредија забава „Бејби шауер“ за дарување на која се’ беше во знакот на бело и сино па најавија и’ каков пол ќе биде нивното бебе.

Аделина неодамна стапи во брак со познатиот македонски адвокат,Серјожа Марков, а за неа ова е прво дете.