Петко ќе пее на „Здраво млади“


Oваа година во рамките на „Јуниор програмата“ на фестивалот „Здраво млади“, концерт ќе одржат „5+Бенд“.

Групата ја сочинуваат омилените детски ликови Петко, Цветко, Лина, Комшо од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија“, која веќе 10. година е во македонскиот етер. Песните што се наоѓаат на репертоарот на „5+ Бенд“ се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни што оставиле белег на многу генерации.
На фестивалот „Здраво млади“ ќе бидат изведени познатите хитови со милионски прегледи на „Јутјуб“ со кои децата и родителите ќе можат да шизат и да уживаат во забавата.
Една од омилените преработени песни на децата е и песната „Маскенбал“, преработка на хитот „Здраво млади“.
Билети за „Јуниор програмата“ се веќе во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс и на билетарницата на МКЦ.
„Родителите што имаат карта за вечерната програма на ‘Јуниор програмата’ влегуваат со истата (важи и за јуниор и за вечерната програма), а за секое дете ќе треба да се доплатат по 100 денари. Овие билети може да се набават само на билетарницата на МКЦ, така што треба да се приложи карта за ‘Здраво млади’ која во моментов изнесува 600 денари“, соопштуваат организаторите.
Фестивалот ќе се одржува на 1 септември, а детскиот концерт е закажан за 12 часот напладне.