Петарда на Русија против Саудиска Арабија


Репрезентацијата на Русија со победа го започна настапот на Светското првенство во фудбал. Попладнево, домашната селекција ја совлада Саудиска Арабија со 5-0 (2-0).

Стрелци на головите беа Јури Газински  (12΄),  Денис Черишев  (43΄,  90΄),  Артем Ѕуба  (71΄) и Александар Головин во 93 минута. Натпреварот на стадионот „Лужники“ во Москва не беше атрактивен за гледање. Русите играа рутински, дадоа голови од речиси единствените шанси, додека Саудиска Арабија остави впечаток на потпросечна екипа.

Во групата со нив се и тимовите на Уругвај и на Египет, кои својот меч ќе го играат утре (петок) со почеток во 14 часот.