Песни од „Крафтверк“, Дерик Меј и Моби ќе бидат изведени пијано и тапани


Пијаниската Ема Попивода и тапанарот Александар Петров ќе одржат концерт на кој ќе ги претстават електронските хитови на еден поинаков начин. Концертот е насловен како „Акустик елетроникс“ и ќе се одржи на 12 април во клубот „Станица 26“ во 22 часот како дел од Фестивалот „Модоарс“.

Во рамките на концертот ќе бидат отсвирени познати електронски нумери обработени и изведени преку два инструменти – пијано и тапан. Во потрага по нова експериментална музика, пијанистката Ема Попивода ги искористи темите на одбрани електронски песни од различен временски период, кои се подредени во еден вид историјат на електронската музика, за да реверзибилно ги обработи во класичен пијанистички стил. Во придружба на Александар Петров и моќниот звук на тапанот, кој во целост ја дополнува атмосферата, електронската музика експериментално се изведува на акустични инструменти во класичен стил. Инспирирани од современата музика, во стилот на класичните композитори, на акустични инструменти во сосема нова возбудлива атмосфера се појавуваат песни на „Орбитал“, „Крафтверк“, „Њу Ордер“, „Бронски бит“, Дејвид Мотралес, Моби. Дерик Меј итн.

Уметничките визуелизации кои ќе се прикажуваат на екранот за време на концертот ги изработија Давор Попивода и Милан Тоциновски.