Пендаровски собра 25 илјади потписи за претседателската кандидатура


Половина час пред затворањето на подрачните канцеларии на ДИК, за кандидатурата на Стево Пендаровски потписи дале над 25 илјади граѓани низ целата држава, истакна генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб Александар Кирацовски.

Тој рече дека кандидатурата на Пендаровски е единствена којашто е поддржана од 25 илјади граѓани, над 60 пратеници и 30 партии.