Пендаровски вози „југо“, сопругата „меган“, а заштедиле 15.000 евра


Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција Стево Пендаровски, во анкетниот лист што го пријавил како национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО, вели дека како свој имот има „југо темпо“ старо дваесет години, проценето на илјада евра, а нема недвижен имот.
Сепак, Пендаровски како негов личен имот, пријавил дека има заштеда од 12.230 евра, стекнати по пат на наследство. Неговата сопругата пак, вози „рено меган“ од 2005 година, а има пријавено и девизна сметка со заштеда од 3.000 евра.
На веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата може да се најде уште еден анкетен лист за Пендаровски, од времето кога беше пратеник, каде што се пријавени две возила – „југо“ од 1999 и „меган“ на сопругата и заштеда од околу 15.000 евра.
Во продолжение двата анкетни листа на кандидатот за претседател Стево Пендаровски: