Пелистер останува без Алушовски
Лидерот на табелата во македонската ракометна Супер лига Пелистер во продолжението од сезоната ќе биде без досегашниот тренер Стевче Алушовски.
Пелистер делува стабилно и плановите за продложението во сезоната беа атак на виоски позиции. Оваа вест делува изненадувачки, пред се смената на првиот тренер. Алушовски имал состанок со управата на клубот, па решил да си замине, а причините за неговото заминување се финансиски недоразбирања.
Пелистер од досегашните 13 натпревари има 12 победи и еден пораз (36 бодови). На второто место на табелата во Супер лигата е уште еден битолски тим Еурофарм Работник со 28 бодови.