Педесетина граѓани даруваа крв во Карпош


Педесетина граѓани денеска даруваа крв во рамки на 38-та крводарителна акција што се одржа во Општина Карпош. Крв даруваше и градоначалникот Стефан Богоев, кој на редовните крвотарители им врачи плакети и благодарници за нивната несебичност и хуманост.

Признание доби Асани Ајриз, за јубилејното 100-то дарување крв, Драган Арсовски за 75-то дарување, како и Денис Бошковски, Илија Михајловски и Мише Дулимагоски кои досега дарувале крв 50 пати.

Крводарителите добија и по една оригинално изработена слика од уметникот Живко Поповски – Цветин, кој воедно е и првиот претседател на Црвениот крст на Република Македонија од осамостојувањето на државата.