Паѓаат сите рекорди, безбол играч ќе потпише највисок договор во историјата на спортот


Мајк Траут е прва ѕвезда во МЛБ лигата (Професионалната безбол лига во САД) и сега е на чекор од потпишување на најголемиот договор во историјата на спортот.

27-годишниот Траут ќе потпише договор на 12 години и годишно како играч на Лос Анџелес Ејнџелс ќе заработува дури 36 милиони долари, односно вкупната сума изнесува неверојатни 430 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.

На тој начин, двократниот МВП на МЛБ лигата ќе го надмине својот колега Брајс Харпер, кон кон почетокот на март потпиша договор „тежок“ 330 милиони долари со Филаделфија Филис, но во времетраење од 13 години.

Траут веќе имаше важечки договор од 144 милиони долари, но со оглед на тоа дека истиот му завршуваше следната година, Ејнџелси одлучија да му понудат нов и воедно рекорден договор.

Ова е најголемиот договор во историјата на спортот, а само од договорите со својот клуб играчот ќе заработи вртоглави 575 милиони долари.