Парис Хилтон ја раскина свршувачката


САД- Наследничката на ланецот хотели и трендсетерка Парис Хилтон (38) ја раскина свршувачката, само десет месеци откако свршеникот, актерот Крис Зилка (34) ја побара за жена во Аспен, Колорадо. Двојката беше во врска две години.

-Сонувам за прекрасна свадба со романтична венчаница. Потоа, веднаш сакам да имам деца, прво едно девојче, која ќе ја наречам Лондон, а потоа, момченце, кој сакам да го наречам Милан. На крајот, јас се викам Парис. Од тинејџерски години работам многу, изградив империја, а сега сакам да се посветам на себе, изјави лани Хилтон.