Падна првата оставка во Антикорупциска комисија


Поранешниот претседател на Антикорупциската комисија Горан Миленков поднел оставка од Државната комисија за спречување на корупцијата. Неговата оставка веќе стигнала во собраниската архива и останува парламентот да ја констатира на правта наредна седница.

Ваквиот гест на Миленков следува по објавувањето на ревизорскиот извештај за работата на Комисијата, во кој се изразени сомневања за фиктивна наплата на патни трошоци на дел од антикорупционерите, со што е оштетен буџетот.

Игор Тантуровски, актуелниот претседател на Антикорупциската комисија, каде што членовите ротираат на претседателското место, минатата недела изјави дека не поднесува оставка бидејќи не бил вмешан во скандалот со патните трошоци.

Во ревизорскиот извештај е забележано дека членови на Комисијата за спречување на корупцијата поднесувале по три патни налози во ист ден, така што испаѓа дека некој во исто време и во странство и на седница во Скопје. Освен тоа, се посочува и на ненаменско трошење на буџетски пари за ручеци и вечери во ресторани при патување во странство, како и на трошоци за изнајмување стан.

Пратеничката група на СДСМ наајави минатата седмица дека ќе почне постапка за разрешување на овој состав ан Антикорупциската комисија, доколку членовите не поднесат оставка. Истовремено, од јавното обвинителство соопштија дека повеле постапка за овој случај, по допрен глас од јавноста.