Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: На крајот на виножитото се соочувате со објективната судбина: прекрасни моменти за дружење, изучување и растење. Сетете се дека она што го менува светот не се идеите, туку нивната примена. Поодговорни и повесели, денес се среќавате со пријатели од минатото, со кои ќе ги споделите новостечените реализации. Чест.

БИК: Благородни идеи кои доаѓаат од повеќе страни: некој би рекол дека носите подароци од непроценлива вредност и потребна ви е истрајност за да стигнете на целта. Добро ги разбирате актуелните трендови и одговарате соодветно: господарите со своите манири и говор и така ја постигнувате саканата позиција. Огромна креативна сила.

БЛИЗНАЦИ: Денес е добро да бидете непристрасни: пред вас се повеќе опции, но сè уште не знаете која е вистинската. Ве очекуваат сериозни ангажмани и потребен ви е слух за потребите на блиските. За да избегнете грешки и непотребен срам, продлабочете ја својата духовна димензија. Внимавајте на говорот и ќе избегнете критика. Идеи.

РАК: Она кон кое што целите, за сега е недостижно: сите знаци упатуваат кон тоа. Потребен ви е баланс и разумни решенија. Нема потреба да ги будите старите духови, бидејќи нема ништо ново да постигнете. Ако сакате совет пријатели, сега е најдобро да се адаптирате кон постоечките услови. Прифатете ги луѓето такви какви што се.

ЛАВ: Надворешните услови се по малку драматични: наместо саканиот статус, денес доаѓате до некаков вид санкции. Животот ќе ве научи да живеете со разликите помеѓу луѓето и ако треба ќе ве стави во втор план. Нагли промени, но велат „кој последен се смее, најслатко се смее“, затоа бидете истрајни и соочете се со кармата.

ДЕВИЦА: Пред да одлучите како ќе продолжите понатаму, размислете добро што сакате да постигнете. Потребна ви е подобра организација и стратегиски приспособувања за да ги отстраните работите кои повеќе немаат никаква полза во вашиот живот. Без груби зборови и ќе ги надминете потенцијалните интриги и театар: најдете време за саканите.

ВАГА: Сè уште верувате во старите пријателства, во нив наоѓате голема утеха и радост: свесни сте за улогата на секоја единка и сакате да ги чуете и двете страни на приказната. Прекрасен ден за дружба и славење, како и за заеднички проекти: дел од старите идеи добиваат важност. Имате сила да го прегрнете целиот свет во себе. Мудрост.

СКОРПИЈА: Љубезни и сочувствителни, расположени сте да се отворите повеќе: учите како да им угодите на другите, без оглед на сите груби зборови. Вложувате голем напор да го освестите несвесниот дел од себе и затоа ќе бидете наградени. Направете солидни темели на кулите во воздух и тие ќе станат трајни и успешни. Имагинација.

СТРЕЛЕЦ: За да се здобиете со подлабока перспектива, ќе треба да најдете време за медитација: без брзање, сега сте пред самиот финиш. Ако сакате да ги реализирате своите соништа, не дозволувајте си да мечтаете премногу долго. Можеби ќе треба да појдете на краткотраен пат, со кој што ќе ја прочистите својата душа и мисли.

ЈАРЕЦ: Добро ги разбирате сигналите: ова не е време за фриволно однесување. Можеби некој флертува со вас, а тоа создава збунетост, зарем оставате впечаток дека сакате да бидете заведени? Ќе ги надминете овие игри интелигентно и зрело, контролирајќи ја својата природа. Најдете време да се повлечете и одморите.

ВОДОЛИЈА: Не си дозволувајте да ве обземат депресивни мисли: вашата природа не може да дојде до израз и ќе треба да отстапите и се жртвувате во име на саканите. Сега сте склони кон субјективност, а потребно е да бидете трезвени. Не брзајте при носењето на заклучоци и надминете ја неискреноста кон пријателите. Имате сила да истраете.

РИБИ: Месечината во Стрелец ви носи корисни информации: започнување на некој проект од голема важност. Бидете ладнокрвни и искалкулирани бидејќи работите се сè уште недоволно јасни. Поддршка од личност на егзекутивна позиција и со самото тоа се чувствувате возвишени. Доколку мечтаете, правете го тоа со вкус. Регенерација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]