Најслатки чевли од кадифе: Не се за јадење, туку за шетање!


САД – Дали сте дама за кафе или крофна, или повеќе сакате пица или пиво? Луксузниот бренд од Мајами, „Дел Торо“, за сите трендсетерки нуди откачени чевли од кадифе на тема храна. Чевлите се произведуваат во Бразил и имаат дрвена потпетица од 15 милиметри. Креативниот директор е роден во Италија.

Популарните чевли се создадени кога се споила италијанската страст со опуштената атмосфера на Мајами.  Ексклузивната колекција има 16 модели, а секој може да се купи во две бои.

Во регионот се продаваат во специјализирана продавница во Хрватска.