(Фото) Клаудија Шифер излезе од анонимност – се појави на јахта во бикини


Италија-Поранешниот супермодел Клаудија Шифер по долги години е фатена од папараците на јахта додека се одмора во Италија.

Супермоделот Клаудија Шифер (47) е снимена на јахта во близина на италијанското одморалиште Портофино. Таа во бикини покажа зачувана линија , иако поминаа дваесетина години откако беше главна на модните писти.

Шифер е  16 години во брак со британскиот режисер Метју Вон  , со кого има три деца – Каспар 15, Клементина 13  и Козима на седум годишна возраст. Нејзиниот сопруг не бил виден на јахтата во Италија.