ОЈО: Испратена е покана за неколку лица за злоупотребата на АКМИС-от


Испратена е покана за неколку лица за давање изјава пред надлежен јавен обвинител во врска со злоупотреба на АКМИС-системот за електронска распределба на судските предмети во судовите.

Ова за МИА го изјавија од Основното јавно обвинителство-Скопје, но велат дека не можат да потврдат дали денеска имало распит, по објавата на некои медиуми дека денеска во Обвинителство биле повикани Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд, и Јово Вангеловски, актуелен претседател на Врховниот суд.