Очевидци тврдат дека безбедноста на Јанкулоска не била загрозена


„Стариот, службен ‘мерцедес’ нема никаква врска со настанот за кој Виктор Белевски, како сведок во судска постапка, тврди дека се случил кај тетовско Јегуновце, а ниту безбедноста на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска воопшто не беше доведена во прашање“!
Со ваквото тврдењеза правосудство.мк излегоа очевидци, но и протагонисти на настанот кој според нивно кажување се случил на 16. април 2011 година. Имено, реакцијата на сегашни и поранешни вработени во Министерството за внатрешни работи е поради тоа што се работи за изнесување невистини кога се тврди дека Јанкулоска се нашла среде престрелка на две криминални групи. Всушност, нивниот револт е поради тоа што вистина е само тоа дека имало престрелка во која учествала полицијата, која се обидела да разбие криминална група и дека во нога бил ранет еден полициски работник.
“Прашање е дали Гордана Јанкулоска можела и ги да слушне истрелите од огнено оружје, со оглед на тоа што таа беше на два километри од местото каде што се случи престрелка. Колку што се сеќавам Јанкулоска имаше средба со жителите на Јегуновце и нема основа во тврдењето дека била загрозена нејзината безбедност и немало потреба да ја кријат по објекти, а не е јасно каква врска има со настанот службениот ‘мерцедес’”, вели нашиот соговорник и појаснува дека на престрелката му претходело разбојништво, односно грабеж на 15 килограми злато од златарски дуќан.
Настанот за кој сведокот тврди дека и ја загрозил личната безбедност на тогашната министерка и за што самиот посакал блиндирано возило, според нашите соговорници, започнал кога група од седум-осум лица, дојдени со две возила „опел“, се истовариле пред златарницата „Исак“, на улицата “„Илинденска“, во непосредна близина на Шарена Џамија. Вооружените разбојници од златарскиот дуќан ќе изенесат повеќе од 15 килограми злато, а со повреди се здобил сопственикот на дуќанот.

Целиот текст на правосудство.мк