Охридското Езеро 25 сантиметри над дозволениот водостој


Нивото на Охридско Езеро е 25 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека нивото на Дојранското Езеро е три сантиметри под договорениот максимален водостој.

Споредено со просекот за април, зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, кај Зајчев Рид, Велес и Демир Капија.

Над просекот се и водостоите на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.