Официјално: Тотенхем го продаде Дембеле во Кина


Екипата на Тотенхем го продаде Муса Дембеле на кинески Гуангжу, соопштија од лондонскиот клуб. Според британските медиуми, трансферот на полудефанзивецот е во вредност од 11 милиони фунти..

Сегашниот договор на 31-годишниот фудбалер истекуваше на крајот на оваа сезона. Белгискиот репрезентативец се приклучи на тимот на „петлите“ од Фулам во 2012 и одигра 250 натпревари за тимот, но повредите му попречија да биде постојан стартер за Маурисио Почетино и тој одигра само 10 меча во тековната кампања.

– Постигнавме договор со Гуангжу за трансферот на Муса Дембеле. Му посакуваме на Муса се најдобро во иднина, споделија од клубот во кратка изјава.

Последниот натпревар на Дембеле за Тотенхем во Премиер лигата беше против Вулверхемптон во ноември, а халфот го напушти теренот уште во седмата минута поради повреда.

– Клубот секогаш се однесуваше кон мене со почит. Имам прекрасни спомени тука. Си заминувам со најдобри чувства за клубот, изјави тој.