Официјално: Де Јонг потпиша со Барселона


Тимот на Барселона официјално го објави привлекувањето на Френки Де Јонг од Ајакс за сума од 75 милиони евра, со бонуси вклучени за уште 11 милиони евра.

Дваесет и едно годишниот фудбалер ќе пристигне на „Камп Ноу“ во текот на летото и ќе ја доигра сезоната во холандскиот клуб. Неговиот договор со каталонците е до јуни 2024 година.

Де Јонг одамна се поврзува со каталонците, кои ја освоија битката со Пари Сен Жермен за неговиот потпис.

Оваа сезона играчот од средниот ред има 28 натпревари во сите натпреварувања, реализирајќи четири гола и 1 асистенција.

Младиот талент е репрезентативец на Холандија, откако има одиграно 5 дуели во дресот на „лалињата“ од своето деби во септември 2018-та.