Официјално: Алба во Барса до 2024 година


Барселона и Жорди Алба потпишаа нов договор што ќе го остави играчот на „Камп Ноу“ до 2024 година, објавија каталонците на својот сајт.

Новиот договор ќе биде за уште пет сезони, а клаузулата за откуп е 500 милиони евра.

Алба има 14 трофеи со Барса и веќе е седма сезона во првиот тим. Тој исто така има 282 натпревари за тимот и постигна 14 гола.

Играчот има и сериозен број на асистенции за головите на Лео Меси, а пред неколку недели во натпреварот против Севиља за Купот на Шпанија, тој го одигра и својот натпревар бр.200 со екипата на „црвено-сините“.