Откриени антибиотици и за отпорните бактерии


Истражувачи од САД открија нов вид антибиотици што можат да ги убијат бактериите кои станаа отпорни на антибиотиците што се користат сега.
Новата класа антибиотици, наречена „малацидини“, е изолирана од бактерии што живеат во земјата. Нив ги пронајдоа научници од Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк откако анализираа повеќе од 1.000 примероци земја во потрага по нов лек, кој се бори со бактериите на нов начин.

Овие антибиотици успеале да го нападнат клучниот дел од клеточниот ѕид на бактериите – механизам што ги спречува микроорганизмите да развијат отпорност кон лекови. Уште во текот на тестирањата, овој антибиотик успеа да излекува упорна инфекција на кожа на животни што не им успеало на други антибиотици.

– При недостиг на нови терапии, смртноста од опасни инфекции е во пораст и ќе прерасне во голема закана до 2050 година“, предупредуваат научниците.

Само во САД, околу два милиони луѓе умираат поради отпорност на бактериите на постојните антибиотици, а 23.000 луѓе годишно умираат од инфекции од тие бактерии.