Откако ексдечкото ја уцени: Кончита Вурст призна дека е ХИВ позитивна


Австрија- Австриската победничка на Евросонг во 2014 година Кончита Вурст (29) на својот Инстанграм профил призна дека со години е заразена со ХИВ, а на признанието ја натера ексдечкото кој ја уценувал дека сѐ ќе открие на јавноста.

– Ова е е неважно за јавноста, но не сакам никој да ме плаши и да влијае на мојот живот, и затоа ја открив мојата здраствена состојба, изјави брадестата пејачка.

Вурст додаде дека вирусот е под нивото на детекција и не може да го пренесе.

Дека е ХИВ позитивен пред три години објави и актерот Чарли Шин. Од СИДА беа заболени и Фреди Мејкјури кој почина во 1991 година, актерите Ентони Перкинс и Рок Хадсон и кошаркарот Меџик Џонсон кој научи да живее со дијагнозата.