Откажани десетици летови на аеродромот во Амстердам


Десетици летови на аеродромот во Амстердам се откажани утрово, а доцнат и полетувањата поради силен ветар.
околу 70 европски летови се откажани, а уште десетици доцнат, објавено е на интернет страницата на амстердамскиот меѓународен аеродром „Шипхол“.
Холандскиот национален метеоролошки центар предупреди на силен ветар кој дува со брзина од 90 километри на час од холандскиот брег, јави Еуроњус.