Осум лица се повредени во сообраќајки во Скопје


Осум лица се полесно повредени во три од вкупно 11 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Еден возач поминал на црвено светло и двајца пешаци не ја поминале улицата на пешачки премин. Од сообраќај биле исклучени еден возач кој возел под дејство на алкохол и 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири нерегистрирани возила. Затекнати биле 88 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 85 возила.