Осуммина Срби се повлекле од Косовските безбедносни сили поради притисок од Белград


Осуммина припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) од српска националност, од Баталјонот за брзи интервенции, побарале демобилизација, односно прекин на договорот со ФСК, со образложение дека имаат многу голем притисок од официјален Белград, објави приштинската телевизија Клан Косова.

Доцна попладнево со осумтемина Срби состанок одржале заменик-министерот за ФСК, Агим Чеку и командантот на Баталјонот, Берат Шаља, кои се обиделе да ги одвратат од намерата.

Чеку во телефонска изјава за Клан Косова рече дека барањето за демобилизација на осумте припадници на ФСК ќе биде разгледано од страна на неговото Министерство и одлуката ќе биде донесена во законскиот рок од шест месеци.