„Остави ме да си доиграм“ – четиринаесетта книга на Јовица Ивановски


Промоција на новата книга поезија на авторот Јовица Ивановски вечерва во МКЦ – Клуб ресторанот во 20 часот.

„Остави ме да си доиграм“ е четиринаесетта книга на Ивановски и е во издание на „Или-Или“.

За книгата ќе зборува д-р Соња Стојменска-Елзесер, а песни ќе читаат актерите: Петар Арсовски, Драгана Костадиновска и Јовица Михајловски.
Диета нека држи

Која глупост,
да се откажуваш од
она што најмногу го сакаш,
да се труеш со гадости кои божем
ти го продолжуваат животот.
Каков живот е тоа?
Терај си ги задоволствата,
уживај во насладите на денот!
Залче месечина, голтка море,
дување небо, врв под чевли,
апансаз пијанство, пасија,
предозирање од сакање…
Животот треба да пушта стомак,
диета нека држи смртта!