Осомничен маж за третиот случај на манијачење во Штип
Полицијата осомничи едно лице за третиот случај на манијачење во Штип, а кој се случи вчера попладне пред станбена зграда во близина на крстосницата „Дујле“. Маж на 17- годишно девојче додека излегувало од влезот на зградата и се соблукувал гол и ги покажувал гениталиите. Девојчето успеало да избега, по што заедно со своите родители го пријавиле во полиција.
Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова вели дека работат на расчистување на овој трет случај на манијачење во Штип. Претходно вакви случаи имаше пред штипскиот интернат и на улица пред едно од штипските средни училишта.
Социологот, Лилјана Крстева вели дека секусалните манијаци се егзибеционисти и страшливи луѓе.
-Тоа се луѓе кои се егзебиционисти и кои сакаат да се покажуваат, докажуваат. Меѓутоа тие повеќето ги следат да речеме женскиот пол, а се појавуваат од грмушки, скриени пред училишта и повеќето од нив не напаѓаат. Меѓутоа тоа го користат за да речеме имаат утре мотив за да се самозадоволат, вели Крстева.
Таа забележа дека манијаците имаат желба за докажување пред друго лице.
Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова вели дека работат на расчистување на овој трет случај на манијачење во Штип. Претходно вакви случаи имаше пред штипскиот интернат и на улица пред едно од штипските средни училишта.
Портпаролот на Основниот суд во Штип, а воедно и судија кривичар, Сашко Ѓеоргиев вели дека казните за ваквите кривични „задоволување на полови страсти пред друго лице„ се доколку делото е извршено пред возрасно лице казната затвор е една година, пред лице кое наполнило 14 години е од три до осум години затвор, а пред лице кое не наполнило 14 години минималната казна е четири години, а максималната и до 20 години затвор.