Османи: Средбата Димитров-Коѕијас најверојатно во Грција


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вечерва во емисијата 24 Анализа изјави дека утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.

Грчки медиуми, како јавува „МИА“, шпекулираат дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун, но засега потврда за ова нема од министерствата за надворешни работи на двете земји.