Османи: Преговорите се процес на трансформација на нашето општество во европско


Основната функција на процесот на преговори е нашата подготовка за членство. Тоа е еден од најважните административно политички операции, низ кои поминале сите земји-членки на ЕУ. Транформацијата треба да резултира со создавање европско општество.
Ова го истакна денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, на денешната прес-конференција на која ја презентираше преговарачката структура за пристапување на РМ во ЕУ.
Нагласи дека низ процесот на скринингот и преговорите ќе се остварат основните цели за кои има непосреден консензус – функционална мултиетничка демократија, општество кое почива на солидарност, еднаквост и владеење на правото, кое ќе обезбеди подобри услуги за граѓаните, услови за побрз економски развој, за привлекување странски инвестиции, за подобра работа на претприемачите и се она што ќе резултира со повеќе работни места поголеми плати.
– Пред нас претстои најважен процес во нашата понова историја, процес пред кој не смееме да пропуштиме да изградиме наднационален консензус, кој е толку важен што не може да и се остави само на Владата. Во него треба да се вклучат претставници на сите институции, општествени фактори, академската заедница, граѓанскиот сектор, но сакам да ја повикам да се вклучи и опозицијата, која и досега се има вградено во овој процес и која секако е очекувана да се приклучи, додаде Османи на заедничката прес-конференција со посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлантски интеграции, Бојан Маричиќ.
За скринингот и преговорите се превидени неколку структури. Координативно тело за процесот на пристапување, кое ќе ги утврдува преговарачките позиции на РМ во преговорите. Во него ќе учестуваат прмиерот, неговите заменици, шефот на дипломатијата, министрите за финансии, правда, економија, правда, информатичко општество и преговарачките.
Османи, како политички преговарач ќе ја предводени државната делгација на РМ за пристапни преговори со ЕУ со улога да ги води преговорите и да обезбеди непречено одвивање на процесот по сите поглавја. Заменик на Османи ќе му биде шефот на дипломатијата Никола Димитров, во неа учестува главниот технички преговарач, шефот на мисијата на РМ во ЕУ и секетарот на преговарачката група.
Преговарачка група е третата структура. Таа е задолжена за техничкото ниво на преговорите со ЕК за сите поглавја, а ќе ја предводи главниот технички преговарач, Маричиќ.
Тој појасни дека преговарачката група ќе биде задолжена за експертското и техничкото ниво од преговорите со ЕК за сите поглавја. Таа ќе ги разгледува и утврдува предлозите на преговорачките позиции и ќе ги доставува до Координативното тело на Владата. Ќе брои околу 15 лица, а секој од нив ќе ја следи или координира работата на една или повеќе рабти групи кои ги покриваат поглавјата на Унијата.
Неколку од сегашните институции ќе добијат нови надлежности и ќе се прилагодат за преговорите.
Османи појасни дека СЕП ќе биде и Секетаријат на преговарачката група, а ќе биде назначен и секретар на преговарачката група.
Постојните работни групи за подготовка на националната програма за усвојување на правото на ЕУ и подготовка на преговарачките позиции за членство ќе се ревидираат во однос на составот и надлежностите и ќе се трансформираат во работни групи за преговори, кои ќе бидат и најстручниот дел за идентификување на проблемите за изготвување на предлог решенија и за трансформација на нашето општество според европските стандарди. Освен администрацијата, во групите, чија брока е 35, ќе бидат вклучени и претставници на академската заедница, граѓанското општество, експертската јавност.