Османи: Оваа година да се реши името, следната е неизвесна


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека 2018. е година кога треба да се реши спорот со Грција за името, оти веќе следната година настануваат нови околности, чиј исход не може да се предвиди.

– Коцките се наместени, треба да се најде решение и тоа да се материјализира во конкретни чекори. Во 2019. коцките се изместуваат. Причините за јасни. Во 2019 година цела Европа е на избори за Европскиот парламент, Грција има избори и Македонија исто така и тешко ќе биде и внатре во државите да најдеме можност за решение. Затоа велам дека 2018. е безалтернативна, истакна Османи во интервју за емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Додава дека доколку оваа година не се пронајде решение, се влегува во еден непредвидлив период, сличен на тој по Самитот во Букурешт.

– Како одговорни политичари не смееме една мала, фрагилна држава да ја оставиме сама во еден непредвидлив период, изајви Османи.

Вицепремиерот Османи очекува опозицијата да се врати во Собранието и да се обезбеди потребниот консензус за реформските закони.

Во однос на Законот за јазиците и огромниот број амандмани поднесени од опозицијата Османи очекува дека таа ќе се вразуми и ќе ги повлече.

ДУИ останува на ставот дека има потреба од консензуален кандидат за претседателските избори наредбата година, затоа што, како што рече Османи претседателот е кохезивен фактор на општеството и треба да ја рефлектира волјата барем на двете етнички заедниц