Општина Центар и еснафите заеднички ќе го промовираат занаетчиството


Општина Центар и Еснафот на старата скопска чаршија потпишаа меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и за подобрување на условите за работа на занаетчиството.

Општина Центар,  претставувана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот и советникот од Еснафот Мухамед Љамалари на заедничката средба договорија промовирање на занаетчиството и заживување на чаршијата преку заеднички проекти и активности.

„Нагласена е потребата за ревитализирање и осовременување на инфраструктурата на старата скопска чаршија, редуцирање на бариерите и отворање на нови можности за соработка. Сето ова ќе го поттикне зближувањето и доближувањето до заборавените културни вредности и единство на различностите, избалансиран развој на општината, како и зачување на традицијата и културана на старата скопска чаршија“, велат од Центар.