Општина Центар дел од акцијата „На работа со велосипед“


Општина Центар по повод Меѓународниот зимски ден на одење на работа со велосипед кој се одбележува утре, ги повикува сите жители и своите вработени да ги извадат велосипедите и со нив да дојдат на работа.

„На работа со велосипед“ („Bike to Work“) е годишен настан кој се одржува на различни денови насекаде во светот, со цел промоција на велосипедот како превозно средство до работа.

– Со ова се подига свеста за користење на ова превозно средство за да се придонесе кон намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и за почиста животна средина, се вели во соопштението од општина Центар.

Општината ги повикува сите граѓани да се регистрираат на сајтот: https://winterbiketoworkday.org/ и да постираат слики со интернационалниот хаштаг #WINTERBIKETOWORKDAY.