Општина Илинден: Објектот нема дозвола за градба


Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски изрази сочувство до семејството на настраданото девојче. Во изјава за „Независен весник“, тој напоменува дека секој инвеститор, сопственик на градежна парцела, треба да биде доволно информиран и мора да ги знае процедурите и одговорностите за сите свои активности.

Во тој контекст, тие треба да се свесни за сите последици што би произлегле при нереализација, недоовлна подготовка и непочитување на прописите. Конкретно за овој случај, општинските служби имаат преземено дејствија согласно нивните надлежности, таму во еден период било заградено местото, а потоа повторно одградено. Таму не сме издале одобрение за градење“, потенцира Стојановски.

Несреќата се случила вчера во месноста Бигла, во ископ на темели за зграда. Девојчето починало на самото место.

„На местото на настанот излегле екипи од СВР-Скопје, Итна медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита. Околу 15.00 часот, од страна на локалните жители, телото на девојчето било извадено. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти полицијата. (Г.А.)