Општина Аеродром во јуни ја предала докуметацијата на СЈО


Специјалното јавно обвинителство за потребите на предистражна постапка во текот на јуни годинава побарала  од општина Аеродром да достави документација за нивното работење.
Во текот на јуни, како што соопштија  од Општината, од страна на Специјалното јавно обвинителство е доставено писмено барање за доставување документација од Општината.
Во дадениот рок, од 20-тина дена, односно, исто така, во јуни годинава документацијата што била побарана од страна на СЈО, Општината ја доставила.
Бидејќи станува збор за предистражна постапка, и од Општината и од СЈО не соопштуваат за каква документација станува збор.