Опра со богатото друштво доплови во Дубровник


Хрватска– Една од најмоќните жени во САД, водителката Опра Винфри, во друштво на најдобрата пријателка, новинарката Гејл Кинг, модната дизајнерка Дајен фон Фрустенберг и почесниот претседател на модната куќа „Валентино’, Џанкарло Џиамети, се опуштаат на луксузна јахта во дубровничките води. Токму Џиамети откри каде се наоѓа ова елитно друштво, објавувајќи фотографија од крстарењето на својот Инстаграм профил.

„Вечер во Дубровник со прекрасна жена која со гордост ја нарекувам пријателка“, напиша тој во описот на фотката на која е со Опра.

Фотографија од веселото друштво од Дубровник објави и дизајнерката Фон Фурстенберг, со коментар: „Шеткање во неделно попладне во Хрватска“.

Според податоците на „Форбс“, Винфри моментално „тежи“ четири милијарди долари, додека Дајен 1,2 милијарди долари. Гејл Кинг, новинарка и уредничка во списанието на Опра, „О“, тежи нешто „поскромни“ 25 милиони долари.