Опожарена куќа ноќеска во населба Драчево


Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје ноќеска интервенирала на пожар кој избувнал во куќа лепенка на улицата „Стари Новаќиња“ во населбата Драчево.
Опожарени биле околу 40 метри квадратни, а е причинета материјална штета од еден милион денари.
Пожарот бил пријавен во 02.05 часот, а гаснењето траело до 04:05 часот. На терен биле испратени 13 пожарникари со пет противпожарни возила.