Операторот „Вип“ ќе се ребрендира во „А1“


Телекомуникацискиот оператор „Вип“ следната година ќе го заврши комплетно процесот на спојување и ќе се ребрендира во „А1“.

Новиот извршен директор на „Вип“, Мислав Галерм денеска на прес-конференција рече дека процесот на спојување на компаниите ќе заврши комплетно во 2018 година и тоа веќе да биде завршено и да не се пренесува во 2019 година.

Се очекува системското поврзување на операторите да заврши во 2018 година. Спојувањето почна во октомври 2014 година кога членката на групацијата Телеком Словенија, Оне Дооел Скопје потпиша договор за спојување со ВИП оператор, член на групацијата Телеком Австрија.

Најави дека досега се инвестирани 35 милиони евра и дека кога ќе заврши целокупниот процес висината на инвестицијата ќе биде 70 милиони евра.

– Се работи на ребрендирање. Со овој процес се оди на сите пазари каде работи групацијата. Ребрендирањето е завршено во Словенија. Ние сме во подготовка. Тоа е процес што бара многу напор. Терминот на завршување не е дефиниран, но следната година ќе може да кажеме повеќе детали, рече Галер.

Извесно, наведе тој, дека „Вип“ ќе се ребрендира во „А1“