ОН: Светот бележи значително забрзан економски рас


Глобалниот економски раст годинава забрза на околу три отсто, што претставува највисока стапка на раст од 2011 година, соопштија ОН.

Во годишниот економски извештај со прогнозите на ОН, „Светската економска ситуација и перспективите за 2018 година“, наведено е дека напредокот е остварен главно поради забрзаниот развој на сите големи економии, како и дека Источна и Јужна Азија се уште се економски „најдинамични региони“.

– Кинеската економија е речиси една третина од овогодишниот глобален раст, пишува во извештајот на ОН.

Во споредба со 2016 година, кога глобалниот економски раст беше 2,4 отсто, растот во 2017 година е забрзана за речиси две третини во земјите во светот.

Меѓутоа, се предупредува дека економскиот раст „може да нанесе штета врз животната средина“.

Во извештајот се истакнува дека, кога станува збор за економскиот раст, Владите на земјите сега треба да се фокусираат на долгорочните прашања, меѓу кои и борбата против климатските промени и се поголемата нееднаквост меѓу богатите и сиромашните.

ОН проценува дека глобалната економија континуирано ќе има раст од три отсто во 2018 и 2019 година.

Во извештајот е посочено подобрувањето на ситуациите во Аргентина, Бразил, Нигерија и Русија, бидејќи, како што е наведено, тие земји излегуваат од рецесија.

ОН, меѓутоа нагласува дека економскиот прогрес не е рамномерен и дека „многу делови во светот во иднина треба да остварат здрава стапка на раст“