ОН: Русија окупаторска сила на Крим


Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која Русија е прогласена за окупаторска сила на Крим и се осудува кршењето на човековите права на Полуостровот.

За резолуцијата, која ја предложи Украина, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 се воздржаа од гласање.

Со резолуцијата се осудува привремената руска окупација на украинската територија Крим.

Генералното собрание на ОН слична резолуција усвои и во декември 2016 година.

Македонија, САД и повеќето европски држави гласаа за резолуцијата, додека меѓу оние што се изјаснија против документот беа и Русија, Кина, Индија, Белорусија, Иран и Србија.