Олимпик Марсеј се соочува со едногодишна суспензија поради навивачите


На Олимпик Марсеј му се заканува едногодишна суспензија од европските натпреварувања, доколку однесувањето на неговите навивачи не се подобри.

Европската фудбалска унија соопшти дека францускиот клуб првиот натпревар во Лига Европа на домашен терен ќе го игра без навивачи и дека ќе плати казна од 100.000 евра.

Олимпик Марсеј е казнет за безредијата што ги предизвикаа неговите навивачите на натпреварите од Лига Европа против Лајпциг и Салцбург. Воедно на клубот од Марсеј му е наложено да стапи во контакт со Олимпик Лион и да се договори околу надоместот на штетата предизвикана од навивачите.

Од УЕФА наведуваат дека суспензијата е условна во следните две години и дека може да биде активирана доколку навивачите предизвикаат нови инциденти.

Освен Марсеј, за однесувањето на навивачите казна од 8.000 евра доби и Ливерпул, кои на „Енфилд“ во полуфиналето oд Лигата на шампионите против Рома палеа факели и фрлаа разни предмети на теренот.