Оливие Жиру од Арсенал замина во Челзи
Лондонските ривали Арсенал и Челзи конечно се договорија за Французинот Оливие Жиру.
„Топџиите“ кои се зајакнаа со Пјер-Емерик Обамејанг решија да го ослободат 31-годишнот Жиру, па сега тој може да мине во редовите на „сините“.
Жиру ќе потпише договор на 18 месеци, со можност за продолжување на уште една година, доколку двете страни бидат задоволни. Според англиските медиуми вредноста на овој трансфер изнесува 19 милиони фунти.
До крајот на денот кога истекува зимскиот (јануарски) преоден рок се очекуваат и првите детали и фотографии од Жиру во новиот „син“ дрес на лондонскиот клуб Челзи.