Оливер Стоун и Бенисио дел Торо повторно снимаат заедно


САД-Ѕвездата на филмот „Сикарио”, оскаровецот Бенисио дел Торо ќе игра главна улога во новиот филм на режисерот Оливер Стоун, „Невини лаги”.

Трикратниот оскаровец Стоун го напиша сценариото за оваа драма чие дејство се одвива во Њујорк, која е жанровски прилично голем чекор напред во споредба со неговите претходни дела.

Како што е соопштено од страна на сајтот „Дедлајн Холивуд”, во една приказна која опфаќа три генерации, го следиме Џек (Дел Торо), дете на разведени родители кое сега ги повторува грешките на таткото и мајката во својот брак и со проблематичниот син. Тој се чувствува како во стапица и се движи кон патот на страста за да се ослободи од себе, но станува сè повеќе и повеќе изгубен. Кога ќе ја запознае жената која води сосем поинаков живот од неговиот, тој почнува да се открива себеси повторно.

Снимањето се очекува да започне во Њујорк во пролетта 2019 година. Стоун и Дел Торо работеа заедно во 2012 година на филмот „Дивјаци”.